|
Што е тоа Скиентологија?
„Целите на Скиентологијата се цивилизација без лудило, без криминалци и без војна, каде што способните луѓе можат да просперираат, а чесните можат да имаат права и каде што човекот слободно може да се издигне до поголеми височини.
Неполитична во својата природа, Скиентологијата срдечно го прима секој човек, од секоја вера, раса или нација.“
Скиентолошката религија смета дека човекот во основа е добар и ги нуди алатките кои секој може да ги користи за да стане посреќна и поспособна личност, која може да ги подобри состојбите во животот и во животите на другите.
Скиентологијата е учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми. Земено од латинскиот збор scio- знаење во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos- учење за. Сам по себе, зборот значи да знаеш како да знаеш. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.
Скиентологијата е едно тело на знаење кое се протега од одредени фундаментални вистини. Оние што го заземаат примарното место меѓу овие вистини се:
Човекот е бесмртно духовно битие.
Неговото искуство се протега многу подолго од само еден животен век.
Неговите способности се неограничени, дури и кога во моментот не се реализирани.
Исто така, Скиентологијата смета дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од него самиот, од неговите пријатели и од неговото постигнување на братство со универзумот.
Скиентологијата не е догматска религија која од човекот бара тој слепо да верува во сё. Единката сама открива дека Скиентологијата функционира, на тој начин што ќе ги применува нејзините принципи и ќе ги види или искуси резултатите од таа примена.
Крајната цел на Скиентологијата е вистинско духовно просветлување и слобода за единката.
За повеќе информации, посетете ја страницата: http://www.scientology.org
|