|
Што е тоа Дијанетика?
Дали некогаш сте имале проблем со несаканите чувства и емоции, несреќни случки, повреди, заболувања итн.?
Дијанетиката го разоткрива изворот и нуди делотворни справувања со овие состојби.
Дијанетиката ја истражуваше и разви Л. Рон Хабард.
Па, што е тоа Дијанетика?
Зборот Дијанетика значи „низ душата“ (од грчкиот збор dia- низ и nous- душа). Уште се дефинира и како „она што душата му го прави на телото“.
Пред Л. Рон Хабард да ги објави основите на Дијанетиката во 1950 г., научната мисла тврдела дека човековиот ум е неговиот мозок, ништо повеќе од збир на клетки и неврони. Се сметало дека коефициентот на интелигенција не може да се подобри, карактерот не може да се промени.
Дијанетиката го промени сето тоа. Во текот на половина век на применување, може да се забележи нејзината ефективност, зачудувачка во многу случаи.
Дијанетиката го открива изворот несаканите чувства и емоции, несреќни случки, повреди, заболувања, и нуди ефективно справување со овие состојби. Понатамошните истражувања во духовните аспекти на Дијанетиката, доведоа до откритието на Скиентологијата.
Скиентологијата, пак, е учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми. Земено од латинскиот збор scio- знаење во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos- учење за. Сам по себе, зборот значи да знаеш како да знаеш. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.
Доколку сте заинтересирани да го подобрите својот живот со помош на Дијанетиката, можете да ја искусите функционалноста на Дијанетиката со тоа што ќе го посетите Дијанетичкиот семинар и ќе учествувате во дијанетички аудитинг. За да започнете, кликнете на иконата Хабардов Дијанетичкиот семинар десно.
За повеќе информации, посетете ја страницата: http://www.dianetics.org
|